Карди Би учи да вози во новото Карпул караоке

Популарната раперка Карди Би беше дел од последното издание на шоуто Карпул Караоке со Џејмс Корден каде изведе некои од нејзините најпознати хитови.

Сосема очекувано, во нејзин стил таа одговараше на сите прашања што водителот и ги постави, а говореше и за нејзината кариера како стриптизерка и фактот дека не знае да вози, но сепак има пет автомобили во кои обожува да се слика.

Во еден момент, водителот ќе се обиде да ја научи на некои основни правила во возењето, но сепак на крајот ќе се откаже и повторно ќе го преземе воланот.

Раперката откри и дека неодамна пеела на приватна забава за Бар Мицва пред толпа дечиња, па водителот посочи дека е време да пее и пред малку постара публика, па ја однесе во пензионерски дом каде се забавуваа заедно со присутните.

Целото видео погледнете го погоре.

 

Објавено:
18 декември 2018
Прегледно:
103 пати