Карли Клос ги витка трепките со лажичка!

Таа е една од најпознатите модели на денешницата, има успешен бизнис со кодирање, ангел на Викторија и што уште не.

Но, Карли Клос знае и супер трикови за шминка за кои најверојатно никогаш не сте се сетиле. Ќе каже дека најголемиот дел ги научила зад сцената на големите ревии, па затоа денеска знае да се нашминка сама за разни пригоди.

Покрај со виткачот на трепки што загрева и е еден од одличните изуми на технологијата, големата шминкерка Пет Меграт ѝ покажала супер трик со мала лажичка за кафе која го има истиот ефект.

Манекенката вели дека секогаш носи мала лажичка во нејзината чанта која покрај за виткање на трепките, ѝ служи и за многу други трикови.

Во видеото што таа го сними за модниот магазин Вог, објаснува како секојдневно се грижи за кожата на лицето, која маска ја користи, каква пудра и коректор употребува, колку руменилото и карминот се важни и секако, совршената линија црн „ајлајнер“.

Оваа конкретна шминка на манекенката е совршен пример како секоја млада девојка би требало да изгледа на некој вечерен коктел или забава.

Објавено:
28 март 2019
Прегледно:
355 пати