Каролина има нов спот за „Бели цветови“

Една од највеселите песни од последниот албум на Каролина Гочева, „Извор“, доби свое видео изданије.

Режијата на спотот е на Чедо Поповски, а низ видео-приказната ќе ги препознаете добропознатите делови на Скопје.

За потсетување, музиката и аранжманот на песната се на Никола Мицевски, додека текстот е на Весна Малинова Бабамова.

Уживајте!

Објавено:
31 октомври 2018
Прегледно:
453 пати