Каролина има нова песна - „Ѕвона“

Каролина Гочева ги изненади своите обожаватели со нова песна, која го носи наслов „Ѕвона“. Текстот е на Весна Малинова, додека аранжманот и музиката се повторно на Николче Мицевски.

Инаку, ова е првата песна од албумот што се очекува кон средина на февруари идната година.

Во продолжение ви го пренесуваме и текстот и ве оставаме да уживате:

Тивко одам по патот тивко полека
и на тебе си мислам јас
кротко газам по градот што ме израсна
збор - два „добар ден" од комшија

Ѕвонат ѕвона од љубов
љубов голема
да те сакам не престанувам

Бадник на праг
гори оган
дома сум јас

Знам сите зими ќе минат
нема веќе да те видам
но едно нема да помине

Знам сите песни ќе стивнат
сите рози ќе се скинат
јас ќе те сакам до краен ден

Знам сите зими ќе минат
нема веќе да те видам
но едно нема да помине
и сите песни да стивнат
дури в небо не се вивнам
јас ќе те сакам до суден ден

Светат светла под сите прозори ко ден
а јас светам само за тебе
добри луѓе леб двојат и за другите
и се леат песни од срце

Ѕвонат ѕвона
од љубов љубов голема
љубов која не престанува

Божиќ е пак
свети ноќта
дома сум јас

Објавено:
19 декември 2017
Прегледно:
1.628 пати