Кога децата имаат прашања за Ема Вотсон...

Во март годинава се случи премиерата на „Убавицата и ѕверот“, каде Ема Вотсон ја толкува главната улога, ликот Бела, па не изненадува фактот што меѓу нејзините обожаватели има голем број дечиња. Ако на тоа ја додадете и улогата на Хермиона Грејнџер од „Хари Потер“, со сигурност може да се рече дека оваа Французинка ја има привилегијата да биде обожувана од најмладите, но и најискрени обожаватели.

„Ентертејмент викли“ ја покани Вотсон да одговори на прашањата токму на дел од овие обожаватели, што секако за неа беше посебен предизвик.

Седумгодишната Одри ја праша актерката која била нејзината омилена книга кога била дете.

-Кога бев мала, татко ми ми читаше многу приказни. Тоа најчесто беа книги од Роалд Дал. Едни од омилените ми беше „Џејмс и џиновската праска“... Всушност, сакав сè од овој писател. Татко ми ми ги читаше и сите „Хари Потер“ книги, но посебно за првите три книги, тоа како звучат ликовите, каков акцент имаат, тоа го замислував благодарение на татко ми. И тоа е нешто посебно за мене.

Меди (7) ја праша Вотсон што е најдоброто нешто во врска со ликот Хермиона Грејнџер?

-Таа е паметна, секогаш подготвена за акција, ја прави најдобрата и најинтригантната магија... Таа е многу силна и моќна.

Амира (5) пак ја интересираше како на Ема ѝ се допаѓа Ѕверот.

-Ѕверот на почетокот беше многу страшен и непристоен, така што тогаш и не ми се допаѓаше многу. Но, можам да кажам дека тоа така затоа што е многу тажен. Можев да видам колку е тажен, па знаев дека длабоко во себе е многу добар.

Џејкоб (5) сакаше да знае во борбата помеѓу Хари Потер и Дарт Вејдер за кого би навивала.

-За Хари Потер секако. Нема многу далеку да стасате во животот ако сте студени, злобни... Можеби и ќе ви оди добро, но на крајот нема да победите.

Деветгодишниот Хендикс ја праша Ема, кој ѝ е омилениот лик од „Убавицата и ѕверот“ и да не е Бела, кој лик би сакала да го толкува.

-Ова е малку тешко за мене, бидејќи ја сакам Бела, но исто така го сакам и Ѕверот. А го сакам бидејќи е ранет, но на крај успева да „оздрави“, што е прекрасно. А Бела ја сакам бидејќи останува доследна на себе, дури и во моменти кога сите околу неа ѝ велат да размислува поинаку. Не дозволува ништо да ја скрши – објаснува актерката.

И најслаткото доаѓа на крај. Рајан и Едисон кои имаат само 20 месеци ги интересира да може да повика некого на гости, кого би го повикала?

-Мишел Обама. На кафе-муабет.

А погледнете го и видеото и запознајте ги најслатките обожаватели на актерката.

 

Извор: Твитер

Објавено:
30 мај 2017
Прегледно:
147 пати