Кога Кевин Харт ќе стане Дејвид Бекам...

Конечно излезе и целосното видео од долгонајавуваната кампања на шведскиот бренд H & M каде во главната улога, покрај Дејвид Бекам, се појавува и талентираниот Кевин Харт.

Имено, во видеото, актерот очајно сака да биде Дејвид Бекам, па заедно се наоѓаат во навистина смешни, секојдневни ситуации.

Во целото видео, двата главни ликови постојано носат парчиња од брендот, а како што ќе каже тимот на H & M, тоа се комбинации одбрани од Бекам со парчиња што тој ги смета за клучни во облекувањето.

„Кевин е е еден од најсмешните и најпаметни актери што ги познавам. Обожавам кога во моите кампањи за H&M се случува нешто неочекувано. Се надевам дека сите ќе уживаат гледајќи го видеото, исто како што уживав јас додека го снимавме", вели Бекам за ова ново искуство.

Погледнете го целото видео и разубавете си го денот!

Објавено:
29 септември 2015
Прегледно:
311 пати