Кој е најдобар дизајнер според Ана Винтур?

Етаблираната уредничка на американскиот Вог, Ана Винтур, гостуваше во познатото ток шоу на Џејмс Корден, „The Late Late Show" во коe заедно со домаќинот ја играа познатата игра „Spill Your Guts or Fill Your Guts".

Поентата на играта е меѓу себе да си поставуваат незгодни прашања на кои треба да одговорат, а во спротивно треба да се „нагостат" од и не баш вкусната храна од менито поставено пред нив.

Ана меѓу другото требаше  да одговори и на прашањето на Корден: да направи ранг листа кој според неа е најдобар дизајнер од три понудени опции: Ралф Лорен, Том Форд и Марк Џејкобс. Ана го издвои Том Форд, но понатаму не можеше да се одлучи помеѓу Џејкобс и Лорен, поради што беше принудена да изеде едно големо масно парче пица со сланина, притоа потенцирајќи дека никогаш не јаде брза храна и дека не памети од кога нема пробано пица.

Следуваа уште неколку незгодни прашања, а дали Ана се одлучи да одговори или да одбере „специјалитет" од менито, погледнете во видеото.

Објавено:
27 октомври 2017
Прегледно:
890 пати