Кој е најпосакуваниот моден додаток?

Брендот Marc by Marc Jacobs објави анимирано рекламно видео, за да ја промовира новата колекција на рачни часовници наречени Critters. Во спотот глава улога имаат мали и слатки животни, француски булдог, мачка, зајак и зебра кои веќе имавме можност да ги видиме на Marc by Marc Jacobs маските за iPhone. На нивниот дизајн работеа дизајнерите на овој бренд во соработка со познатиот карикатурист и илустратор Вил Брум. Резултатот од сработеното е навистина симпатичен бидејќи подеднакво ќе им се допадне како на децата, така и на повозрасните кои се уште го чуваат „детето“ длабоко во себе.

Објавено:
16 декември 2013