Кока-кола порачува: Божиќ е закон!

Една од првите асоцијации на празничниот период се секако и рекламите на „Кока-кола“ со шарените камиони и Дедо Мразот што намигнува.

Сепак, оваа година, брендот за безалкохолни пијалоци одлучи божиќната кампања да биде со семејството поларни мечки, кои верувале или не, слават 25 години од нивното прво појавување.

Најновата реклама носи наслов „Божиќ е закон“ (Christams Rules), а има за порака дека секој има своја посебна улога во домот и на празничната трпеза, дури и кога можеби е далеку од дома. 

Во видеото е користена и  празнична верзија на песната „Home" од Филип Филипс.

Погледнете ја, сигурни сме дека ќе уживате!

Објавено:
6 декември 2018
Прегледно:
869 пати