„Крик“ е новата песна на Funk Shui

Ексклузивците на „Авалон Продукција“, Funk Shui имаат нова песна насловена „Крик“. За истата е направен и видео запис, во режија на Томи Акимовски, заедно со членовите на групата, а е сниман на повеќе локации низ Скопје, како и на одредени планински делови од Македонија.

Продукција, микс и мастеризација на „Крик“ се на Бен Милчев и членовите на Funk Shui, а песната е снимана во Studio Podrumot, Studio Tralala и студио DaPhunk.

Ова беше повод неодамна да се сретнеме со членовите на групата и да поразговараме, а целата приказна ќе имате можност наскоро да ја прочитате на нашиот сајт.

Дотогаш, слушајте и гледајте го „Крик“.

Објавено:
26 октомври 2018
Прегледно:
112 пати