„Live It Up“ е официјалната песна на Светското првенство во фудбал во Русија

 Два дена нè делат до почетокот на Светското првенство во фудбал, чиј домаќин за првпат ќе биде Русија. Во периодот од 14-ти јуни до 15-ти јули ќе гледаме вкупно 32 репрезентации.

Освен распоредите по групи, неодамна беше презентирана и официјалната песна и видео на првенството, насловена како „Live It Up“ а во изведба на Ники Џем, Вил Смит и Ера Истрефи. 

„Навистина е голема честа што имам можност да ја изведам химната на Светското првенство. Сепак, се работи за глобален настан, што привлекува луѓе од целиот свет. Соработката со Ники и Ира беше хармонија и песната претставува збирка на различни жанрови. На крајот, само сакаме да го видиме светот како танцува“, изјави Смит.

Како ви се допаѓа песната? За кого ќе навивате?

 

Објавено:
12 јуни 2018
Прегледно:
106 пати