Мадона во „најлудото“ Carpool Karaoke досега

Со самата најава дека во следното издание на Carpool Karaoke ќе се појави светската музичка дива Мадона, сите можеа да очекуваат дека ќе се случи нешто спектакуларно.

И така и беше.

Музичката икона и на 58 годишна возраст е неуморна, па токму таа ја имаше „честа“ да го изведе првото „тверкање“ во автомобил во движење за што многумина ќе кажат дека беше малку претерано.

Сосема во нејзин стил, таа ги пееше најголемите хитови со водителот Џејмс Корден со кој тотално полудеа, па едно време таа дури излезе од прозорецот играше и ги поздравуваше случајните минувачи.

Она што беше особено интересно е што таа за прв пат јавно призна дека се бакнала со Мајкл Џексон и дека всушност таа го направила првиот чекор бидејќи тој бил малку срамежлив.

Погледнете го најозборуваното видео изминатите неколку дена.

 

Објавено:
9 декември 2016
Прегледно:
272 пати