Мајка и син скокаат со падобран за нејзиниот 70 – ти роденден

Ако овој петок ви требаше малку инспирација за тоа што можете да правите викендов, тогаш ова видео ќе ви даде одлична идеја, а воедно ќе ве расположи.

Јане Стефанов од Аероклубот „Скопје“ на неверојатен начин ја изненади неговата мајка за нејзиниот 70 – ти роденден и ѝ подари скок со падобран.

Во друштво на професионалец, храбрата Марионка Стефанова без двоумење скокна и за време на целиот скок изгледаше неверојатно смирена, за на крај на видеото да каже дека и е жал што досега не го направила тоа. Нејзиниот син Јане е со нив цело време и го снима скокот.

„Жал ми е што толку кратко траеше и што не почнав да го правам ова пред многу години“, изјави неговата мајка кога слетаа на копното.

Доколку сè уште се двоумите за некоја ваква авантура, бидете храбри и послушајте го советот на госпоѓа Марионка.

Погледнете го видеото.

Објавено:
21 септември 2018
Прегледно:
84 пати