Македонска екипа го снимаше новиот спот на култните Faith No More

Познатиот американски метал состав Faith No More, спотот за нивната нова песна „Cone od shame" го снимаше во Македонија и тоа со македонска екипа, почнувајќи од актерите што се појавуваат во спотот до режисерот, Гоце Цветановски од македонската компанија Lynx Animation Studios.

„Ова е една од оние песни кои мора да имаат и свое видео, бидејќи целата приказна е визуелна. Иако ќе беше полесно видеото да се снима во Аризона или Њу Мексико, сепак во Македонија, каде што сум бил неколку пати, почувствував „вибрации" и сметав дека е најсоодветно место за оваа песна", вели басистот на бендот, Бил Гулд, пренесува магазинот Rolling Stone.

Во својата изјава тој додава дека е презадоволен од тоа како режисерот ја визуелизирал целата приказна, а исто така го пофали и кастингот.

Инаку песната „Cone of shame" е од нивниот последен албум, „Sol invictus".

 

Објавено:
30 септември 2016
Прегледно:
2.283 пати