Mamma Mia 2 снимен на прекрасниот Вис во Хрватска

Конечно е објавен официјалниот и последен трејлер за второто продолжение на еден од најпопуларните мјузикли Mamma Mia, овојпат снимен на прекрасниот остров Вис во Хрватска.

Првиот филм во кој глумеа некои од најпознатите актери во Холивуд доживеа планетарен успех, а истото се очекува и за второто продолжение.

И овојпат дел од филмот е истата актерска екипа меѓу која Мерил Стрип, Аманда Сајфрид, Пирс Броснан, музичката дива Шер и многу други.

Во второто продолжение ќе биде раскажана приказната за тоа како фаталната Дона ги запознала тројцата мажи на нејзиниот живот, а ќе има и едно бебе.

Совршен начин да го започнеме летото со добар филм кој повикува на луда забава на некоја од вашите омилени плажи.

Извор: Buro 24/7

 

 

Објавено:
10 мај 2018
Прегледно:
950 пати