Меколи Калкин е „сам дома“ и овој Божиќ

Веројатно секој од вас барем еднаш во животот го има погледнато најбожиќниот филм на сите времиња „Сам дома“ со Меколи Калкин во главната улога.

Гугл на најубав можен начин нè потсети на убавите времиња кога овој филм беше вистински хит во светот, со новогодишна реклама во која преработија дел од сцените од популарниот филм.

Во рекламата, актерот го прашува уредот Google Home Hub каков е неговиот распоред за денот, на што тој одговара: „Денеска ја имате куќата само за себе“.

По тој одговор, Калкин почнува да нè навраќа на некои од најинтересните сцени од филмот во кои постојано комуницира со уредот на Гугл што му помага да нарача пица, да пушти музика и греење, да ја стартува операцијата „Кевин“ и уште многу други работи.

Во рекламата се искористени и други производи на Гугл, а истата е дефинитивно нешто што денеска ќе ве расположи и ќе ве врати во едни прекрасни времиња.

Инфо: Business Insider

 

 

Објавено:
20 декември 2018
Прегледно:
600 пати