Моделите некогаш и сега

Стандардите за убавина низ годините се менувале, а со тоа и изгледот на моделите. Преку нивната трансформација, лесно може да се забележи кои трендови им биле наметнувани на обичните жени.

И ако до 1950-тите можеби и немало драстични разлики помеѓу моделите и тоа како изгледа една просечна жена, со појавата на Твиги во 1970-тите работите почнуваат драстично да се менуваат, а „слабиот“ изглед станува императив.

И така сè до последнава декада, кога работите повторно почнуваат да се менуваат. Тенката става е сè уште барана, но почнува пробивот на жените со облини. Сè повеќе се зборува за плус-сајз моделите, за славење на различностите, за отргнувањето од тоа да се биде дел од стереотип.

Впрочем, погледнете го видеото и самите донесете заклучок дали и колку работите низ историјата се смениле.

Објавено:
30 август 2017
Прегледно:
149 пати