Момче кое се изборило со ракот, воодушеви на „Америка има талент“

Во моментов е актуелно популарното шоу „Америка има талент“ во кое секојдневно се појавуваат исклучителни таленти, а вчеравечер беше токму таква вечер.

Младиот Тајлер Батлер Фигуроа ги стопи срцата на целата публика кога се појави на сцената со виолина во рацете и ја раскажа неговата приказна.

Виолина почнал да свири кога има седум години, со цел да се разведри од постојаното малтретирање во училиште. Откако еден член од жирито го праша зошто бил малтретиран, тој појасни дека на четири години му била дијагностицирана леукемија и му паднала косичката по бројните третмани хемотерапија.

Токму тоа била причината за неговите соученици да се шегуваат со него, но откако успеал да се избори со лошата болест, сосема случајно се запишал на часови по виолина за што ќе каже дека е најдоброто нешто што го направил во животот.

По неговиот фантастичен, енергичен настап, Сајмон Кауел го притисна „златното копче“ кое го одведе директно во финалето.

Погледнете го емотивното видео и талентираниот Тајлер.

Објавено:
12 јуни 2019
Прегледно:
149 пати