Must have: Уникатен дизајнерски шал за комплетен изглед

Главниот акцент за комплетен аутфит, секогаш е на модните додатоци.

Нивната естетска улога има клучно значење во дефинирањето на индивидуалниот стил и токму затоа им посветуваме големо внимание.

Оваа сезона од годината, обожуваме да носиме шалови, што покрај естетската имаат и практична функција и затоа се наш избор за „Must have".

Во зимската линија на модниот бренд Елена Лука, ќе најдете голем избор на уникатни дизајнерски шалови, изработени од висококвалитетни материјали како памук, кашмир и волна, што ќе ви обезбедат пријатно чувство во текот на целата сезона.

Секој шал е со уникатен, впечатлив принт во различна палета на бои, од земјени тонови до интензивен колорит, прилагоден на стилскиот сензибилитет на секоја дама.

Достапни се во продажба во ателјеата на Елена Лука во Скопје и Струмица.

 

Објавено:
13 ноември 2017
Прегледно:
500 пати