Најочекуваниот моден филм годинава „Dior and I“

Документарниот филм кој сведочи за првите месеци на Раф Симонс на позицијата креативен директор во престижната модна куќа Диор насловен „Dior and I“ во режија на Frédéric Tcheng ,  со сигурност е најочекуваниот моден филм годинава.

Во април 2012 година, Симонс го замени големиот Џон Галијано, што секако беше дополнителна одговорност за дизајнерот верен на минимализмот и едноставната мода.

Фасцинантниот Симонс имаше време од само осум недели да ја осмисли и реализира својата прва haute couture колекција за луксузната модна куќа, со која тој триумфираше.

Белгискиот дизајнер најде заеднички јазик со вработените во ателјето на Диор, од кои најголем дел долго време работат за модната куќа, што секако му помогна добро да се позиционира.

Документарецот ни обезбедува детален приказ и на самиот процес на работа на „магионичарите“ кои стојат зад Диор со фокус на нивниот талент и бескрајна прецизност.

Има многу што да видиме...

Објавено:
2 март 2015