Нашиот омилен „анти-херој“ Том Харди во улога на Venom

Најпознатиот анти-херој на Marvel, познат и како негативецот од Spider-Man, Venom, конечно ќе го ужива целото внимание на филмското платно во кој централен лик е токму тој.

Веројатно, немаше подобар избор од Том Харди кој ќе ја толкува улогата на Venom, со оглед на тоа дека актерот до сега имаше неколку маестрални улоги токму како анти-херој.

Иако се работи за интересен и духовит лик, сепак во сите досегашни филмови за Spider-Man имаше само споредна улога.

Конечно, во „Venom" ќе ја видиме и другата страна на приказната, дека и зад ликот на најголемите негативци, понекогаш се крие голем јунак.

До премиерата во октомври, го гледаме официјалниот трејлер како најава за тоа што може да очекуваме.

 

Објавено:
9 февруари 2018
Прегледно:
296 пати
Тагови: 
Venom Том Харди филм