„Нокаут“ имаат нова песна и концерт во октомври

Групата „Нокаут“ годинава има повеќе причини за славење. Во подготовка е нивниот нов албум, инаку четврти по ред, а го најавуваат со новиот сингл „Што бараш во моја песна“.

Она што уште повеќе ќе ги израдува нивните обожаватели е што во октомври ќе се случи голем концерт, а по тој повод се враќаат на местото каде што го одржаа првиот концерт пред 20 години во СРЦ „Кале“, а во организација повторно на „Авалон продукција“. 

Сите детали околу влезниците за овој славенички концерт ќе бидат објавени на 21. мај во 21 часот.

Дотогаш уживајте во новата песна на „Нокаут“.

Објавено:
17 мај 2018
Прегледно:
51 пати