Нов летен хит: BDM ft. Yova - Lee

Имаме ново летно хитче - Paragon Record Label го претставува BDM - најновото од македонската музичка сцена со нивниoт прв аудио и видео запис на песната 'Lee'.

Интерконтиненталниот продукт, работен во Скопје, Белград, Лондон и Детроит е доказ дека денешниот музички свет познава само вистински квалитетен звук инспириран од едноставна, емотивна приказна која сите, барем еднаш во животот, сме ја доживеале.

Под палката на Виктор Стоимиров, 'Lee' доби светски видео продукт. Моделот Елена Гугоска е главниот лик во спотот, а Стоимиров успева да пренесе едноставна порака - за кршливоста на љубовта и моќта во таква ситуација, да се издвојат убавите моменти кои вреди да се паметат.

Зад карактеристичниот вокал на 'Lee' стои светската Yova (Јова Радевска), а песната повеќе од еден месец одлично котира на светските стриминг сервиси, воедно е достапна на iTunes, Spotify, Google Play, Apple Music, Deezer и Shazam.

Одвојте пет минути, препуштете се и уживајте во музиката и спотот.

 

Објавено:
30 јули 2018
Прегледно:
547 пати