Новиот спот на Сиа
„The Greatest“ е насловот на новата песна на Сиа, за која веднаш е лансиран и видео-запис. Она што предизвика големо внимание во музичкиот свет е тоа што за оваа нумера пејачката оствари соработка со Кендрик Ламар.
Сепак, тој не се појавува во видеото. Тука, тимот е стандарден. Меди Зиглер е повторно во главната улога, а како и во „Chandelier“ и новата реклама на „Кензо“, кореографијата е на Рајан Хефингтон.
Режијата пак е на Сиа и Даниел Аскил. Инаку, новата песна е веќе дел од албумот „This is Acting“, кој излезе во јануари годинава.
Објавено:
6 септември 2016Прегледно:
774 пати