Новогодишна честитка од Долче и Габана

Познатиот моден двоец Долче и Габана, по вторпат е задолжен за украсување на новогодишната елка во лондонскиот хотел со традиција, Клериџ.

Долче и Габана со Кајли Миног Долче и Габана со Кајли Миног

Модната двојка овој пат се инспирираше од нивните детски спомени  и сеќавања. Новогодишното дрво високо осум метри е сместено во предворјето на хотелот и повторно ја оживува магичната шумска бајка – анимирани животни како елени, зајци и верверици кои се поставени околу топлината на оганот.  Магичното движење на животните во комбинација со белите снегулки оддаваат впечаток на театралност и волшепство. Новогодишната елка е украсена со повеќе од 300 стаклени лампиони кои се рачно направени. Секој лампион е исцртан со боите на меѓународните знамиња и всушност ги претставуваат различните традиции и магичната божиќна атмосфера на земјите ширум светот, а висат на златни ленти кои се исто така рачно изработени во „кројачницата“ на дизајнерите во Милано.

Доменико и Стефано инспирирани од нивната голема љубов спрема татковината не ја пропуштија и оваа прилика да го внесат духот на Сицилија и затоа во подножјето на елката е сместен кралскиот трон и круната со плаштот на норманскиот крал што го симболизира норманското освојување на јужна Италија и Сицилија во 1061 година – настан од кои беше инспирирана и последната колекција на Долче и Габана.

Пикси Лот со момчето Оливер Чешир Пикси Лот со момчето Оливер Чешир

Специјално за овој магичен настан е снимено и видео кое го следи целиот процес на китење на елката, а пред некој ден во хотелот Клериџ беше одржана и забава на која беше претставена прекрасната новогодишна елка. На забавата со која се означи и стартот на новогодишната еуфорија присуствуваа дизајнерите, но и голем број познати личности, меѓу кои и музичката дива Кајли Миног.

Објавено:
21 ноември 2014