Ова „Карпул караоке“ со Селин Дион морате да го гледате!

Џејмс Корден во своето „Карпол караоке“ ја повика Селин Дион. Пејачката многумина ги изненади со својата духовитост и талент за глума.

Во овие 14 минути, снимени во Лас Вегас, ќе слушнете одлична музика и фантастичното пеење на Селин и Џејмс, но и ќе дознаете некои необични нешта за пејачката.

На пример, таа во еден момент ќе открие дека поседува околу 9.000 чевли и дека навистина е зависна од купување нови. Дури и тоа дека за повеќето и емотивно е врзана. Сепак, во текот на возењето, ќе биде приморана да подари неколку модели, а како ќе го поднесе тоа гледајте во видеото.

Возењето завршува со пародија на спотот за „My heart will go on“!

И да - во еден момент Селин ќе го награди Џејмс со бакнеж во уста.

Повеќе од доволни причини да си дадете малку пауза во текот на денот и да го погледнете видеото.

 

 

Објавено:
21 мај 2019
Прегледно:
496 пати