Оваа 50 годишна мајка изгледа совршено во бикини

Иако предизвика вистинска бура од реакции на социјалните мрежи, не може, а да не се согласиме дека 50 – годишната Лиу Јелин изгледа совршено во бикини.

На фотографиите што таа ги објави на нејзините профили на социјалните мрежи, носи бикини и позира на екстремно студено време, за што доби уште повеќе критики.

Фотографиите се направени на замрзнатото езеро Баикал во Русија, а освен бикини, Лиу носи и очила за скијање и зимска капа.

Таа е мајка на 23 годишен син, а ќе каже дека изгледа толку добро благодарение на секојдневните вежби, односно пливањето во блиското езеро, без разлика на временските услови.

Таа верува дека студеното време го забавува стареењето, па поради тоа вежба јога на снег, дури и во најстудените денови.

На фотографиите објавени со нејзиниот син, луѓето многу често мислат дека таа е негова девојка, а не мајка.

Погледнете го видеото и инспирајте се за вашата следната фитнес рутина.

Објавено:
16 јули 2018
Прегледно:
273 пати