Песната за „Убавицата и ѕверот“ доби спот

Обожавателите на бајката „Убавицата и ѕверот“ со нетрпение го очекуваат 17-ти март, денот кога е закажана премиерата на филмското остварување на приказната.

Одбројувањето започна, а во меѓувреме Ариана Гранде и Џон Леџенд ја снимија насловната нумера на филмот.

Вчера пак,  премиерно беше пуштен и спот за истата. Така, култната балада доби сосема ново руво.

За потсетување, песната во оригинал ја изведуваат Селин Дион и Пибо Брисон, за која добија и бројни признанија меѓу кои и „Греми", „Оскар", „Златен глобус" за најдобра филмска песна.

 

 

Објавено:
6 март 2017
Прегледно:
618 пати