Погледнете го целиот краткометражен филм на Нина Маџиров посветен на нејзиниот татко

Почетокот на 2018-та година, Нина Маџиров ни испрати кратка видео најава за нејзиниот краткометражен филм насловен „Стакло", посветен на нејзиниот татко, виртуозот на шишиња Зоран Маџиров, кој почина по неколкумесечната кома по сообраќања несреќа, минатата година. Денеска пак, таа ексклузивно ни ја даде можноста да го објавиме целиот филм на нашиот сајт.

Приказната на „Стакло" е всушност интимна исповед за големата болка со која таа се соочи по неговата смрт, но истовремено свесна за должноста што тој ѝ ја остави – со својата уметност да создава поубав свет.
Филмот помина одлично и кај стручната јавност, со освоени 10 значајни награди од 15 номинации на филмски фестивали во Лос Анџелес и Њујорк.

Погледнете го филмот на линкот погоре и споделете ги со нас вашите впечатоци.

 

Објавено:
8 октомври 2018
Прегледно:
806 пати