Погледнете го евровизискиот настап на „Ај Кју“

Под реден број единаесет, Македонија настапи во првата полуфинална вечер на „Евровизија“. Нашите претставници, групата „Ај Кју“ пред публиката во Лисабон, а и европскиот аудиториум, ја изведе песната „Lost and Found“, дело на Дарко Димитров и Бојан Трајковски. 

Марија, на сцената се појави во розово палто наопаку облечено, кое во текот на настапот го соблече и песната ја доврши во кончено боди, а двете се креации на дизајнерот Алек Бимбиловски.

Во првата полуфинална вечер настапија претставници на 19 земји учеснички. Македонија не успеа да се пласира во финалето, а тоа последен пат ни успеа во 2012 година.

Земјите што повторно ќе настапат на 12-ти мај во финалната вечер се: Австрија, Албанија, Естонија, Бугарија, Чешка, Литванија, Израел, Кипар, кој важи за еден од фаворитите, Финска и Ирска.

За вас што го пропуштивте настапот, погледнете го видеото погоре.

 

Објавено:
8 мај 2018
Прегледно:
1.218 пати