Погледнете го крајот на „50 нијанси на сиво“

Без разлика што мислите за ова остварување или дело, факт е дека е едно од најгледаните и читаните изминативе две години.

Пред неколку месеци се појави промотивното видео за третиот дел „Fifthy Shades Freed“ (50 нијанси послободен), но многу бргу беше отстрането од „Јутјуб“ каналот и покрај големата популарност кај публиката.

Сепак, сега е достапен, обожавателите повторно покажаа голем интерес за тоа како ќе заврши оваа трилогија, а ние ве потсетуваме на него.

Во третото продолжение ќе бидеме сведоци на медениот месец на Анастасија и Кристијан, како и венчавката, бременоста на Ана, но и турбиленции што ги најави и крајот на „50 нијанси потемно“.

Актерите Џејми Дорнан и Дакота Џонсон остануваат во главните улоги, а премиерата повторно ќе се случи на Денот на вљубените, 14 февруари 2018 година.

 

фото извор: cosmopolitan.com/universal

Објавено:
10 јули 2017
Прегледно:
4.567 пати