Погледнете го продолжението на Love actually

Пред 14 години во пресрет на Божиќ, сите се вљубија во романтичната комедија „Love actually“. Во 2017 година, пристигна десетминутното продолжение, кое според првите впечатоци, ќе измами солза дури и на оние што ретко кога плачат.

Девет меѓусебно испреплетени приказни за љубовта и пријателството насмеаја многумина. Топлината и хуморот се она што го вивна овој филм во популарните, како и актерската екипа. 

За потсетување, продолжението е снимено по повод денот „Red Nose Day“, кога се собираат средства во хуманитарни цели, а многумина со нетрпение очекуваа да видат како изгледаат некои од актерите 14 години подоцна. 

Затоа, за време на паузата за кафе, или пак, кога ќе имате време за вас во текот на денот, одвојте десетина минути и погледнете го вториот дел.

Една двојка од филмот има три деца, друга се спрема за веридба, а еден од ликовите конечно ја дочека љубовта во својот живот и тоа со личност чие појавување тотално ќе ве изненади.

Секако, танцот на Хју Грант повторно е присутен, а никако немојте да го пропуштате крајот!

Уживајте!

Објавено:
28 март 2017
Прегледно:
115 пати