Погледнете го првиот трејлер за „The Lion King“ на Дизни

Конечно Дизни го објави првиот трејлер за долгоочекуваниот филм „The Lion King“ кој е римејк на истоимениот цртан филм.

Во трејлерот кој трае некаде околу минута ипол, можеме да ја видиме добро познатата сцена од цртаниот кога мајмунот стои на карпата и му го покажува на светот новороденото слатко лавче Симба.

Филмот прикажува и прекрасни сцени од Сахара, а во еден момент можеме да го слушнеме и актерот Џејмс Ерл Џоунс како зборува за кралството во името на Муфаса.

Гласовите за филмот ќе ги позајмат Сет Роген, Доналд Гловер и Бијонсе, а премиерата на филмот се очекува во јули 2019 година.

Инфо: Insider

Објавено:
23 ноември 2018
Прегледно:
314 пати