Погледнете го првиот трејлер за „Осумте на Оушн“!

Конечно Warner Bros денеска го објавија првиот официјален трејлер за женскиот римејк на „Единаесетмината на Оушн" – „Осумте на Оушн", кој започна да се снима во октомври минатата година, а премиерата е закажана за јуни 2018 година.

Она што прво фасцинира е одличниот кастинг, што е една од причините зошто овој филм со нетрпение се очекува: Ријана, која го глуми ликот Најн Бол, Сандра Булок (Деби Оушн), Кејт Бланшет (Лу), Мајнди Калинг (Амита), Оквафина (Констанс), Хелена Бонам Картер (Роуз), Ен Хатавеј (Дафне) и Сара Полсон (Тами), a во филмот ќе се појават и Мет Дејмон, Демиан Луис, Џејмс Корден.

За сега е познато и дека дел од дејството ќе се одвива за време на Мет Гала вечерта во Њујорк, па на големото платно ќе ги видиме и Ана Винтур, Александар Ванг, Зак Посен, Лорен Санто Доминго, Ким Кардашијан, Кендал Џенер, Кејти Холмс, Оливија Мун, Хејли Болдвин и Зеин Малик.

Режисер е Гери Рос, додека продуценти се Џорџ Клуни и Стивен Содерберг, кој го продуцираше и „Единаесетмината на Оушн".

Објавено:
19 декември 2017
Прегледно:
1.359 пати