Погледнете го првото музичко видео на Кара Делевињ

Модел, актерка, а сега и пејачка. Кара Делевињ постојано открива нови страни на своjoт креативен карактер.

Иако кариерата ја започна како амбициозен модел, сега на сметка на оваа функција која е ставена на пауза, Кара е посветена на актерката кариера, а неодамна се испроба и како пејачка.

Периодов е актуелна со филмот „Valerian and the city of thousand planets" за кој заедно со филмската екипа во моментов се на патувачка турнеја. Нејзиниот прв музички видео запис се однесува токму на песната „I Feel Everything" направена за саундракот на филмот.

Погоре погледнете го видеото и кажете ни мислење, во која улога Кара најмногу ви се допаѓа, како: модел, актерка или пејачка?

Објавено:
28 јули 2017
Прегледно:
160 пати