Погледнете го тизерот за документарниот серијал за Лејди Ди

HBO ги прикажа првите кадри од документарниот серијал што се занимава со животот на прерано починатата принцеза Дијана. Ексклузивитетот на овој документарец се однесува на тоа што нејзиниот живот ќе биде раскажан од перспективата на нејзините синови, принцовите Вилијам и Хари, кои прв пат јавно, во ваков формат ќе зборуваат за Лејди Ди.

Фото: PopSugar

Документарецот е насловен „Diana, Our Mother: Her Life and Legacy", а неговата премиера е закажана за следниот месец, непосредно пред 20-годишнината од нејзината смрт.

 

Објавено:
13 јули 2017
Прегледно:
595 пати