Погледнете го видео записот за „Десет“ на Galatheia (Теа Шалдева)

Во рамките на годинешнава програма на интернационалниот Саем за уметност, Паратисима, беше реазлизирана работилница односно курс за продукција на музички видео спот. Изборот падна на артистката Galatheia (Теа Шалдева) за песната „Десет" од албумот Metropol (LP, PMG Recordings 2017).

Видеото беше реализирано во рок од три дена во организација на студиото BAIKA и Паратисима Скопје, а идејата беше во процесот на создавање на ваква форма на уметност да бидат инволвирани млади луѓе и нови таленти.

Фото: Соња Ставрова

Работилницата ја водеше, а воедно и режисер на спотот е Бојан Кртолица (Studio BAIKA) во соработка со Ѓорѓи Клинчаров, кој се потпишува како директор на фотографија / камера.

Во процесот на создавање на видео записот учествуваа: Горјана Јордановска, Ена Николиќ, Јована Живковска, Соња Ставрова, Дарко Митев, Ико Илиевски, Андреј Ѓорѓиевски и Христијан Стефанов.

Насловна Фотографија: Соња Ставрова

Објавено:
27 јуни 2017
Прегледно:
272 пати