Погледнете ја ревијата што направи револуција во модната индустрија

Синди Крафорд неодамна во интервју за „Вог“ изјави дека нејзината омилена ревија е на онаа на „Версаче“, со музиката на Џорџ Мајкл.

Претходно и Наоми Кембел изјави дека тоа е едно од најдобрите шоу-а од кои била дел. 

И навистина, оваа ревија направи вистинска револуција во модната индустрија. Се работи есенската колекција на брендот под водство на Џани Версаче од 1991 година.

Моментот кога на пистата се појавуваат неговите музи - Линда Евангелиста, Синди Крафорд, Наоми Кембел и Кристи Турлингтон, рака под рака, во едноставни куси фустани, пеејќи ја „Freedom“ од Џорџ Мајкл е еден од највпечатливите тогаш, но и до ден-денес.

Може да се рече дека тоа претставуваше и своевидна модна реплика на најпопуларниот спот во тоа време, што го режираше Давид Финчер. 

Ревијата беше полн поготок и кога се трендовите во прашање - длабоки кожени чизми, одела со нагалсени раменици, плетени мини-здолништа, богата палета бои и принтови... нешто што и денес би го привлекло вниманието на сите љубители на модата. 

Модната критичарка Робин Гивхан го објави својот став за ова модно шоу во „Вашинготн Пост“, велејќи „Џани Версаче личи на титан кој ја крева модатата од мртви. Пред него, супермодели и не постоеја, ниту пак познати личности седеа во првите редови, а ниту најголемите обожаватели. Модата не беше забавна, се фокусираше само на облека“.

Таквата појава на четирите модели на писта придонесе и за самодовербата на многу жени. 

И покрај тоа што и денес многу се вложува во сценографија, музика и факторот шоу, оваа ревија и после 26 години од нејзиното одржување може да биде во самиот врв со денешните.

Во продолжение погледнете ги и останатите два дела:

Објавено:
21 август 2017
Прегледно:
2.101 пати