Пол Мекартни се враќа дома во новото Карпул Караоке

Ако денеска ви требаше нешто да ви го разубави денот, тогаш сте на вистинското место. Легендарниот Пол Мекартни е гостин на новото Карпул Караоке кое се чини е најемотивното и најдоброто досега.

Имено, водителот Џејмс Корден го носи Пол Мекартни во неговиот роден Ливерпул каде заедно се сеќаваат на некои од најинтересните моменти од неговата младост.

За почеток, тој оди на популарната автобуска станица Penny Lane во Ливерпул каде често се сретнувале со Џон Ленон, по што шета во маалото каде пораснал.

Во еден момент ќе влезе во фризерницата каде што порано се потстрижувал, а ќе отиде и во куќата каде живеел со неговите родители и братот.

Сосема на крај, заедно со Џејмс ќе отидат во барот каде често знаеле да пијат пиво и да свират со членовите на Битлси, каде ќе се случи и најголемото изненадување во емисијата.

Откако водителот ќе побара од една гостинка да пушти песна од џубоксот, ќе се крене завесата и Пол Мекартни ќе отпее некои од најпознатите песни на бендот на големо воодушевување на присутните.

Ова е дефинитивно најемотивното Карпул Караоке досега и уште една потврда дека и денеска господинот Пол Мекартни има огромна армија на обожаватели.

Објавено:
22 јуни 2018
Прегледно:
240 пати