Порака на Анџелина Џоли до сите деца: Различното е добро!

Викендов во Калифорнија се одржаа традиционалните Kids’ Choice Awards на кои за прв пат по операцијата се појави прекрасната актерка Анџелина Џоли. Таа ја доби наградата за омилен негативец за нејзината улога во големиот хит Maleficent.

На доделувањето на наградите актерката се појави заедно со нејзините две ќерки Шајло и Захара со кои уживаше цела вечер. Она што беше особено фасцинантно беше " target="_blank">говорот на Џоли кога ја прими наградата преку кој по којзнае кој пат потенцираше дека „различното секогаш е добро“.

„Кога бев мала, како и на Злобната вештерка, ми беше речено дека сум различна. Се чувствував како да не припаѓам тука – бев премногу гласна, бев полна со живот, никогаш не седев мирна, никогаш никаде не се вклопував. И тогаш, еден ден, сфатив нешто што се надевам дека сите ќе го сфатите: Различното е добро“, изјави шармантната 39 годишна актерка на доделувањето на наградите.

Сосема на крајот, одличниот говор што предизвика восхит кај децата, таа го заврши со неколку интересни зборови:

„Како ваш омилен негативец, слободно можам да ви кажам дека понекогаш, можете да предизвикате и по некоја неволја – тоа е добро за вас“, рече актерката, по што целата сала стана на нозе уживајќи во прекрасните украси што паѓаа насекаде.

Неодамна, таа имаше и едно навистина искрено и посебно интервју за Њујорк Тајмс во кое ги откри причините поради кои овојпат подлегнала на операцијата во која и беа отстранети јајниците, откако пред две години направи двојна масектомија.

„Воопшто не е лесно да се донесат вакви одлуки. Она што е можно, е единствено навреме да се преземе контрола врз било какви здравствени проблеми што ќе се појават во текот на вашиот живот. Тие мора да се решат. Кога ќе дознаете дека имате било каков здравствен проблем, задолжително е да побарате совети, да ги разгледате сите можности и да направите лично ваш избор што ќе биде најдобар за вас. Знаењето е моќ“, вели таа во искреното интервју за Њујорк Тајмс.

Објавено:
30 март 2015