Позитив на денот: Најдобрата верзија на танцот на Дрејк

И по објавувањето на спотот на Дрејк за песната „In my feelings“, кога практично и заврши предизвикот наречен #InMyFeelingsChallenge, покренат од блогерот Шиги, сè уште не стивнуваат реакциите и видеата од популарниот танц.

Токму едно такво нас ни го привлече вниманието. Се работи за братче и сестриче, кои дефинитивно ќе ве освојат и ќе посакате видеото да го погледнете и неколку пати.

Момчето совршено ја владее кореографијата, но движењата на неговата помала сестра се она што го прави видеото уште поинтересно.

За жал, овие преслатки дечиња не се најдоа во финалното видео, но сеедно, нивниот танц стана вирален. 

Погледнете:

 

 

Објавено:
10 август 2018
Прегледно:
221 пати