Празничната реклама за Икеа ќе ви измами насмевка

Иако има и повеќе од месец дена од божиќните и новогодишните празници, некои брендови веќе ги презентираат празничните реклами.

„Икеа“ неодамна ја објави рекламата за италијанскиот пазар, која ќе ви измами насмевка. Всушност, се работи за мини филм, што ја прави уште попривлечна за гледање, со наслов: „Променете го вообичаениот Божиќ со ИКЕА“

Двајца сосема непознати мажи се заглавуваат во лифт на Икеа, точно вечерта пред Божиќ. Што се случува ве оставаме да погледнете.

Инаку, за оваа реклама за Икеа-Италија е ангажиран аргентинскиот режисер Аугусто Хименез Сапиола, познат по својата умешност да направи совршена комедија.

 

Објавено:
14 ноември 2018
Прегледно:
1.690 пати