Приказната зад украинскиот хит „Плакала“

На македонските радио станици периодов украинската песна „Плакала“ е апсолутен хит! Се работи за композиција од пред една година, а во изведба на, како ќе речат самите, електро фолк групата, „Каска“. 

Уште тогаш, песната стана голем хит во Украина, а потоа и во околните држави, за сега да ги пробие и европските граници. Воедно, тоа е и првата украинска нумера која се најде на врвот на глобалната „Шазам Топ 10“ листа. 

За сега има преку 190 милиони, а во песната се зборува за две девојки кои биле напуштени од нивните сакани. После многу години тага и плачење, девојките одлучуваат да започнат нов живот. Песната е дел од албумот на групата „Карма“ од 2018 година.

Во спотот се појавуваат жени на различни возрасти, кои ја раскажуваат нивната приказна, со што со создава сочувство - дека нивната болка ја осетила секоја жена.

Поради големата популарност, песната доби и англиска верзија, за која пак беше задолжена Лора Вајт, која беше учесничка на „Х фактор“ во 2008 година, а пишувала и песни за други артисти помеѓу кои и Алиша Кис и Рита Ора. 

 Инаку, оваа песна стана интересна за украинската јавност и поради реакцијата на научниците одНационалниот природно математички музеј, кој е во состав на Украинската академија на науки и уметности. Имено, во спотот девојките на крајот држат саксии со љубичици, а во склад со стихот на песната „Плачев, но љубичиците повторно цветаат“. Научниците изреагирале дека не се работи за цветот кој сите го знаеме, туку за африкански љубичици, кои како велат, не ни спаѓаат во истото семејство со „обичните“ љубичици. Сепак, тие ја пофалиле групата, нивната песна и видео, но како велат, нивната цел била да се научи нешто ново.

На крај, оваа група требаше да биде и годинашниот претставник на „Евросонг“. Не можејќи да ги усогласат разликите со националната украинска тв и радио мрежа, одговорна за учеството на европскиот музички фестивал. Како велат од групата, тие ќе бидат почестени да ја претставуваат својата земја следната година, со што ќе придонесат за ширење на украинската култура во Европа и пошироко.

 
Објавено:
5 април 2019
Прегледно:
534 пати