The Protagonist го објавија видеото за „Love stream“

Македонскиот прогресивен бенд The Protagonist го објави видеото за новиот сингл „Love Stream“, од нивниот нов албум  "Absolute Attitude".

Се работи за сингл кој со својата мелодичност и моќност ја прикажува музичката енергија, прогресивност и свежина на самиот бенд, исполнет со топли, но истовремено и продорни вокали, како и доста енигматична и суштинска лирика.

"За разлика пд нашиот деби албум "No Exit Museum", музиката од новиот материјал на кој
работиме како дел по албумот "Absolute Attitude" е доста подиректна, овој пат користиме повеќе
гитари и мислам дека успеавме да дојдеме на едно посебно место каде нашиот занает е на ниво
каде можеме да ги балансираме световите на рок музиката и електрониката. Сите прогресивни
елементи од нашата музика се таму, овој пат сме многу поексплицитни и сме навистина
возбудени со објавувањето на новиот сингл "Love Stream", кој тематски зборува за тоа колку е
изменета нашата перцепција за се што не опкружува, псобенп љубовта. Самипт наслов, "Love
Stream'" содржи прашање, одговор и иронија", вели R.S.Rush, главен вокал во бендот.

Инаку за видетото комплетно се заслужни самите членови на бендот.

"Видеото е снимено во студијата на The Protagonist во Скопје. Исто како и предходните видеа за
синглпвите од првиот албум, и овој пат целиот процес на создавање беше изведен од наша
страна. Јас ги правев анимациите, со тоа што бевме водени од чувството за нашиот така наречен
нов медиски свет и мислам дека самото видео го прикажува и поставува прашања за него на
многу уникатен начин", додава Кузман, гитарист во The Protagonist.

 

Објавено:
7 април 2016
Прегледно:
250 пати