The Protagonist реализираа одлично видео за „Million Miles Million Lives“

Еден од најпрогресивните домашни бендови, The Protagonist, реализираше одличен видео запис за нивниот сингл „Million Miles Million Lives". Ова е трет сингл од нивниот претстоен албум "Absolute Attitude", откако остварија голем успех со нивниот претходен, деби албум "No Exit Museum" од кој секој сингл успеа да влезе во Топ 20 листата на MTV Adria.

Се работи за композиција со минималистичка мелодиска линија и меланхолична атмосфера, испреплетена со слободни, моќни вокали и триумфален крај. Ова е нивниот трет сингл од албумот во најава, со енигматична мелодија што ќе ве однесе во една фантастична авантура.

Мастерингот на овој сингл го направи легендарниот Simon Heyworth (SuperAudioMastering) кој соработувал со култни имиња како: Nick Cave & The Bad Seeds, Goldfrapp, Mike Oldfield, King Cromson, Ennio Morricone...


„Million Miles Million Lives" е лирична енигма, иако не е неоткриена енигма, ако погледнете поблиску и подлабоко... би сакале сите да создадат своја перцепција или од неа да создадат ново значење за себе... Тоа е патување од тебе, мене и човечката раса... или можеби не?“, вели R.S.Rush, главен вокал во бендот.

Инаку нивниот деби албум доби исклучителни четири ѕвездички во рецензијата на хрватското издание на магазинот Rolling Stone, многупати имаат настапувано на различни настани, меѓу кои и како пред група на концертот на Били Ајдол на скопското Кале.

Од албумот "Absolute Attitude"
Музика: The Protagonist
Текст: R.S.Rush
Продуцент: The Protagonist
Мастер: Simon Heyworth (SuperAudioMastering)
R.S.Rush: вокали, гитари, синтисајзери, перкашн
Кузман: гитари, клавијатури, програмирање

Објавено:
18 септември 2017
Прегледно:
67 пати