Првиот состанок на Мишел и Барак Обама

Почетоците на љубовната романса помеѓу сè уште актуелниот претседател на САД, Барак Обама и неговата сопруга Мишел ги обработува остварувањето насловено „Southside With You“, а чие прво промотивно видео го гледате погоре.

Филмот својата премиера ја доживеа на филмскиот фестивал „Санденс“, а првите критики се и повеќе од позитивни. Официјалната, светска премиера на остварувањето се очекува да биде на 19-ти август годинава. 

Инаку, првиот состанок на Мишел и Барак се случил во Чикаго во 1989 година.

Режијата ја потпишува Ричард Тане. Младиот Барак го толкува Паркер Сојерс, додека Мишел Робинсон, денес Обама ја глуми Тика Сумптер, додека извршен продуцент на остварувањето е музичарот Џон Леџенд.

Во меѓувреме, Обама стана актуелен во медиумите и поради годишниот говор во Белата куќа, пропратен секако со хумористични досетки, што во целост ви го презентираме во продолжение:

како и дел од фотографиите:

 

 

 

 

 

 

Објавено:
4 мај 2016
Прегледно:
1.360 пати