Првиот заеднички видеоспот на Димитар Андоновски со „Тајфата“

Димитар Андоновски и „Тајфата" ја објавија нивната прва заедничка песна со наслов - „Седум дена, седум ноќи", за која снимија и видеоспот.

Станува збор за музичко парче во етно-поп стил, позади кое се потпишува братско-сестринскиот тандем, Лазар и Магдалена Цветковски.

- Со оваа песна сакаме да го најавиме новиот музички правец во Македонија, односно ќе имате можност да слушнете етно-поп тема за која сме сигурни дека ќе допре до публиката. Ние не застануваме тука, веќе се подготвуваме за снимање на заедничкиот албум, без разлика што настапите од ден на ден сè повеќе се зголемуваат - велат момците од бендот.

Инаку спотот е снимен во Охрид, а како режисер се потпишува „Веста продукција".

Објавено:
9 јуни 2017
Прегледно:
186 пати