Шаде сними нова песна

Обожавателите на Шаде утринава ги израдува веста дека пејачката после осумгодишна пауза има нова песна. 

Се работи за нумера што ќе биде дел од новиот филм на Ава Дуверне, насловен како „Wrinkle in Time“. 

„Не верував дека ќе се согласи, но сепак одлучив да ја прашам. Беше многу љубезна. Вистинска божица. Започнавме заедичко патување што никогаш нема да го заборавам“, изјави Дуверне.

Инаку, насловот на песната е „Flower of The Universe“, а освен Шаде, за музиката во филмот ќе придонесат и Сиа, Деми Ловато, диџеј Калед и други. Оригиналната музика пак, е на иранско-германскиот композитор Рамин Џавади, чие дело е и музиката за најавната шпица за „Игра на тронови“.

Филмот ќе ја доживее својата премиера на деветти месецов, а во него ќе ги гледаме Опра Винфри, Рис Витерспун, Крис Пајн и Зек Галифијанакис.

За потсетување, Шаде својот шести и последен албум со наслов „Solder of Love“ го издаде во 2010 година.

Објавено:
6 март 2018
Прегледно:
339 пати