Шармантната Ема Стоун одговара на 73 прашања за Вог

Во новата епизода на серијалот на Вог насловен како „73 прашања“, Вог ја имаше честа да поразговара со познатата актерка Ема Стоун. Како и секогаш, шармантна и харизматична, на забавен начин таа ги одговори сите прашања шетајќи низ нејзиниот стан во Лос Анџелес. Пред камерите на Вог таа ги презентираше нејзините танцови движења, се пофали со одличната имитација на Бритни Спирс, а сосема на крајот направи и еден „магичен“ трик со оган. Таа ќе каже и дека еднаш и се случило да се расплаче пред Том Хенкс, но објаснува и зошто толку го сака актерот Џеси Ајсенберг кој го смета за најсмешниот човек на светот.

 

Објавено:
19 октомври 2016
Прегледно:
404 пати