Синди Крафорд го покажа домот во Малибу

Магазинот „Вог“ во својата стандардна рубрика „73 прашања со...“ овој пат беше на гости кај Синди Крафорд и тоа во нејзиниот дом во Малибу.

Моделот одговараше на кратки прашања, од кои дознавме дека нејзината омилена храна е кавијар, а десерт чоколадо.

Таа исто така откри дека омилената ревија ѝ е онаа на „Версаче“ од 1991 година, кога пистата ја делеше со сите големи модни имиња и ја пееја песната од „Freedom“ на Џорџ Мајкл.

Да не била модел, веројатно ќе била професорка, а потврди и дека Принц напишал песна за неа, како и тоа дека сосема случајно морала да го дели креветот со Џорџ Клуни.

Она што никогаш не би го носела е краток топ, а какви се нејзините дневни рутини, како ги вика нагалено децата, што имаа тие да ја прашаат, како и тоа како изгледа домот во кој живее со нејзиното семејство, гледате во видеото.

Одвојте осум минути и уживајте!

Објавено:
15 август 2017
Прегледно:
3.077 пати